НОВО

ЛУЃЕ-СЕНКИ

Во издание на:

BOOKTRAILER

Официјални бук-трејлери за романите ЛУЃЕ-СЕНКИ и БАХУС

ПРОМОЦИЈА „ЛУЃЕ-СЕНКИ“

Третиот трилер на авторот и новинар Сашо Кузмановски, „Луѓе-сенки“  беше промовиран на 6 април од 19 часот во „Литература.мк“, во рамките на третото издание на фестивалот Видик. Промоторка на романот, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, берше уредничката Бисера Бендевска.

ПРОМОЦИЈА „БАХУС“

На 9 февруари 2024 година се одржа промоција на вториот роман на Сашо Кузмановски, крими-трилерот „Бахус“. Романот го промовираше уредничката во издавачката куќа „Арс Ламина“, Бисера Бендевска, која низ разговор со авторот го претстави неговото второ дело, а заедно продискутираа на теми поврзани со жанрот криминалистички трилер, за трендовите во светот и кај нас, за перспективите на македонските писатели на трилери и за пробивот надвор од границите на државата.

ПРОМОЦИЈА „АФЕРА ВО МУЗЕЈОТ НА ПАРИ“

На 12 септември 2021 година во рамките на Саемот на книгата на таканаречената „Ноќ на домашни трилери“ беа претставени новите македонски романи меѓу кои и „Афера во музејот на пари“ од Сашо Кузмановски. Промоцијата ја водеа уредничките од „Арс Ламина“ Оливера Ќорвезироска и Бисера Бендевска.

ЗА АВТОРОТ

Сашо Кузмановски е роден на 19 март 1979 година во Скопје.

По професија е дипломиран новинар на интердисциплинарните студии при Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Првите чекори во медиумите му датираат од 1995 година.

Работи како професионален спортски новинар во неколку радиа, а од 2001 година е програмски уредник на Спортското радио 90,3 ФМ, каде работи и денес. Од 1998 до 2008 година активно работи како новинар и во единствениот македонски дневен спортски весник „Македонски спорт“.

Романот „Аферата во музејот на пари“ од 2021 година е негов прв авторски објавен роман.

НАСТАНИ, ПРОМОЦИИ, ГОСТУВАЊА

Гостување во ТВ Слободен печат

БАХУС - Интервју „ВЕЧЕР“

Осврт на романот „Бахус“ - PlusInfo.mk

ТВ гостувања