БИОГРАФИЈА
Сашо Кузмановски е роден на 19 март 1979 година во Скопје.
По професија е дипломиран новинар на интердисциплинарните студии при Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Првите чекори во медиумите му датираат од 1995 година.
Работи како професионален спортски новинар во неколку радиа, а од 2001 година е програмски уредник на Спортското радио 90,3 ФМ, каде работи и денес. Од 1998 до 2008 година активно работи како новинар и во единствениот македонски дневен спортски весник „Македонски спорт“.
Романот „Аферата во музејот на пари“ од 2021 година е негов прв авторски објавен роман.