Сашо Кузмановски на јавноста ѝ познат најмногу по неговиот ангажман како спортски новинар, но во последните години тој успеа да се профилира и како еден од најталентираните македонски автори на трилер романи.

За „Митови и факти“ тој говори за жанрот во кој твори, но и за најпознатите светски писатели на трилери како Себастијан Фицек, Ли Чајлд, Харлан Кобејн и многу други. Тој вели дека добрата приказна почива на мит, но архитектурата на раскажувањето е исполнето со факти.